Бесими: Раст преку реформи и зголемување на инвестициите
Во 2023 година ќе продолжиме со конзистентните политики зашто пред нас повторно е година со предизвици, можеме да поддржиме раст преку реформи и зголемување на инвестициите во инфраструктурата, порача министерот за финансии Фатмир Бесими на панелот „Како истовремено да оствариме соборување на инфлацијата и раст на економијата“ во рамки на конференцијата „Економски предизвици во 2023 година: Како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“, во организација на Стопанската комора.
-Новата 2023 година ќе биде продолжение на предизвиците со кои веќе четврта година по ред се соочуваме. После ковидот беше најавено дека ќе живееме во една нова нормала, а тоа е да се креира раст во време на кризи. Глобалните проекции има ревидирање надоле за глобалната економија во 2023 година, а ние и во овие услови проектираме дека ќе има повисок раст од 2022 година, рече Бесими.
Нагласи дека растот во 2022 година беше 2,7, а за годинава се планира раст од 2,9 отсто.
-Како мала економија ќе се соочиме со предизвиците на нашиот најголем трговски партнер кој има забавен раст. Мора да се фокусираме и на домашната побарувачка за одржување стабилност на цените. Планираме фискална консолидација што значи дефицитот од 8,2 на среден рок да се сведе на 3 отсто, а јавниот долг на 60 отсто од БДП, посочи Бесими.
Главната порака кон инвеститорите и приватниот сектор, како што рече, е создавање кредибилни политики.
-Не можеме како мала економија да влијаеме што ќе се случи во глобалната економија и светскиот пазар, но можеме да имаме конзистентни наши политики – тесна соработка со приватниот сектор. Да испратиме порака дека сме определени на менаџирање на очекувањата, пред се цените, потенцира Бесими.
Нагласи дека јасно се определени соодветно да се менаџираат цените и додаде дека имаме драстично намалување на непродуктивните расходи, а како што рече, во 2022 година на стопанството му се вратени за 210 милиони евра повеќе отколку во 2021 година.
Ново на Сител
-

Уплатниците за казните од Сејф сити нема да се носат во станица
-

Тема на денот со Ангела Василевска, претседател на УСС на УКИМ
-

Војната на Блискиот Исток ќе им ги зголеми трошоците на компаниите
-

Еден пратеник едно државјанство - почна постапката за носење на законот за пратеници
-

Собранието го отвори патот за укинување на техничката влада
-

Билатерална средба на Мицкоски со австрискиот канцелар Штокер
-

Новиот граничен систем да не важи за Македонците кои летово ќе одат во Грција, бара туристичката комора
-

ДКСК јавно ќе ги објави функционерите кои и покрај изречени казни не поднеле анкетен лист
