БЕСА: Смртта на невиниот Реџаил Ќерими е смрт за правдата во државата

Движење БЕСА денеска излезе со реакција за смртта на Реџаил Ќерими кој синоќа почина во Идризово а беше осуден на доживотна затворска казна за случајот со нападот на полициските „Алфи“ кај ПМФ. Од БЕСА реагираат дека смртта на невиниот Ќерими ја тоне правдата во Северна Македонија.
- Одвлекувањето на политички монтирани случаи и недостигот на правда ја вратија Македонија многу чекори назад. Смртта во затвор на еден од обвинетите во случајот „Алфа“ уште еднаш го покажува непрофункционирањето на правната држава и непоставувањето на правдата на вистинското место.
Смртта на Реџаил Ќерими е смрт за правдата во државата и смрт за оние кои долги години не успеаја да го решат овој случај. Движењето БЕСА цени дека правдата за случајот „Алфа“ треба да биде спроведена за да се остават на мир невините души, реагираше Беса.
Од партијата наедно изразија и сочувство до семејството и пријателите на Реџаил.
Ново на Сител
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
