БЕСА и Алтернатива разговараат за заеднички член на ДИК
Беса и Алтернатива, двете партии на Албанците во опозиција деновиве разговараат за заеднички член во Државната изборна комисија (ДИК), информираат за МИА членови на партиските раководства. По заминувањето на членот на ДИК Кренар Лога кој стана министер за правда, се испразни едно место во Комисијата, кое според Изборниот законик треба да и припадне на партија од опозицијата со најмногу освоени гласови.
Од Беса за МИА најавуваат договор со Алтернатива, како и дека многу скоро партиите ќе информираат за тоа.
На последните парламентарни избори и двете партии беа во коалиции со други партии. Беса беше во коалиција со СДСМ, но излезе од владината коалиција, а Алтернатива беше во коалиција со Алијанса на Албанците. И таа беше во владината коалиција, но излезе од неа. Беса има двајца пратеници, додека Алтернатива тројца.
Претседателот на Собранието Талат Џафери, запрашан кога ќе ја отпочне постапката за избор на нов член на ДИК, кажа дека во моментот кога ќе поднесат барање тој ќе ја отпочне процедурата за избор на нов член на највисокото изборно тело.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава