БЕСА го поддржа протестот на ССМ
Во име на Движењето БЕСА, пратениците Фадил Зендели и Бастри Бајрами го поддржаа протестот на Сојузот на синдикати во Македонија.
Отсекогаш сме биле партнери со сите синдикати за унапредување на правата на вработените во јавната администрација. Исто така, нашата поддршка не била само со зборови, туку и со дела, Движењето БЕСА докажа и кога бевме во централната власт каде нашите функционери оставија траги во унапредувањето на работничките права, но и денес во Општина Тетово, каде што лидерот на партијата Билал Касами го потпиша колективниот договор за унапредување на правата на административните службеници односно ги зголеми платите за2806 денари. Со овој договор, БЕСА, односно Касами се покажа каконтреба да се носат одлуки во корист на граѓаните.
Движењето БЕСА апелира Владата сериозно да ги сфати синдикалните барања и што поскоро да направи корекција на платите.
Движење БЕСА
Ново на Сител
-
Министри во трка за локалните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда
-
Што одлучи Советот за безбедност?
-
Трамп ја преполови царината за Македонија