Берни Сандерс ја запре претседателската кампања на неопределно, му вградија два стента
Потенцијалниот претседателски кандидат на демократите на изборите во САД Берни Сандерс ги откажа, поради проблеми со срцето, за неопределено време, соопшти неговиот изборен штаб.
Сандерс (78), најстариот учесник во трката за кандидат на Демократската партија на изборите во ноември 2020 година, е сместен во болница во Лас Вегас откако во текот на предизборниот собир почувстувал болка во градите и побарал медицинска помош.
Долгогодишниот сенатор од Вермонт имал блокада на артерија и успешно му се вградени два стента, а сега „разговара и добро е расположен“.
Сопругата на Сандерс, Џејн О'Меара изјави дека нејзиниот сопруг „се чувствува навистина добро“.
Сандерс понекогаш на собирите на шега зборува за своите години, посебно во разговорот со младите. Неговата здравствена состојба сигурно ќе ја обнови дебатата за тоа дали партијата треба да ја поддржи новата генерација политички лидери.
Ново на Сител
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи
-
Мерки против поскапувањето нема да има, ќе се води внимателна макроекономска политика
-
Фридман: Македонскиот јазик е жив и здрав
-
Заштита за „Македониум“