Берлинската полиција во масовна рација по осомничени за детска порнографија
Берлинската полиција денеска изведе масовна рација за приведување осомничени корисници и дистрибутери на детска порнографија, јави ДПА.
Од рано утринава во германската престолнина се претресени повеќе од 40 станови и други простории, соопшти полицијата.
Рациите се поврзани со сомневањата за користење и дистрибуција на детска порнографија.
На почетокот на овој месец, полицијата во јужната држава Баварија изврши рација во 49 простории во врска со производство на материјали со детска порнографија и притоа идентификуваше 51 осомничен.
Овој месец, исто така, е затворена и детската темна порно платформа за која се сметаше дека има повеќе од 400 000 членови, додаде ДПА.
Неколку мажи се уапсени како осомничени оператори во Германија. Оваа платформа, исто така, споделувала и слики и видеа што вклучувале и соддржини со многу сериозна сексуална злоупотреба на мали деца.
Ново на Сител
-

Му кажале дека имаат сателитски снимки на кои се гледа дека во неговиот двор има злато, Кратовец олеснет за 11.000 евра
-

Индија со вештачки дожд ќе се обиде да го реши загадувањето на воздухот
-

М-НАВ: Претседателот на ССКЛ Александар Тасевски призна дека штрајкот што го најави е незаконски
-

ЕК: Фејсбук, Инстраграм и ТикТок го прекршиле Законот за дигитални услуги на ЕУ
-

Един Џеко највозрасен стрелец во УЕФА Конференциската лига
-

Приведен 20-годишник од Скопје, при претрес кај него е пронајден пиштол
-

Затворен за сообраќај патот Македонска Каменица-Делчево поради сообраќајна несреќа | ФОТО
-

Вчера констатирани 1065 сообраќајни прекршоци, 716 за брзо возење
