Берлин загрижен за можната продажба на „Опел“
Германските политичари изразуваат загриженост за можна продажба на автомобилската компанија „Опел“, што сега е во сопственост на „Џенерал Моторс“ (ГМ), на француската групација на „Пежо“ и „Ситроен“ (ПСА).
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, на оваа тема денеска разговарала и германската Влада, а наскоро се најавува и разговор меѓу канцеларката Ангела Меркел со менаџментот на ПСА.
Според министерката Андреа Налес, седиштето на „Опел“ мора да остане во градот Розелхајм во Германија, што не е според плановите на француската фирма, затоа што тоа ќе го оневозможи намалување на бројот на административните работници. Од вкупниот број 38 илјади вработени во германската фирма во Германија работат околу половина, односно 19 илјади луѓе.
Вчера германските медиуми објавија дека преставници на „Џенерал Моторс“ разговарале со раководството на ПСА за преземање на „Опел“ од страна на француската мото групација.
Ново на Сител
-
Пазарна казни 5 големи ланци на маркети
-
6 пријави за врсничко насилство годинава – Ќе воведат ли властите институционална соработка за справување со оваа појава?
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот изгасен, обид за кражба во зградата
-
29 години од атентатот врз Kиро Глигоров
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Новото раководство на ЕСМ обвинува за хаос во РЕК Битола
-
Тројца загинати во директен судар