Македонија
1. February 2017 - 17:46

Берлин: Протекционизмот на САД ќе биде штетен за сите

Новата германска минситерка за економија Бригите Ципрес оцени дека политиката на америакнскиот претседаател Доналд Трамп се движи во „целосно погрешен правец“.

- Ние мораме да разговараме, да разговараме, да разговараме. Ваквата изолационистичка политика што Трамп сака да ја имплементира е штетна за сите страни, вклучително и за американската економија, вели Ципрес во интервју за весникот „Билд“.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, таа оценува дека протекционизмот ќе го намали растот и бројот на вработени во американската, но и во германската економија.

САД индивидуално се најголемиот трговски партнер на Германија од 2015 година, кога ја презедоа оваа позиција од Франција, која беше видечки партнер на Берлин од 1961 година.

Според Ципрес, која позицијата минситер за економија пред десетина дена ја презема од екс вицеканцеларот Зигмар Габриел, тоа што го гледаме во последно време е аларманто и иритира.

Ципрес смета дека политиката на Трамп е целосно погрешна и дека ќе им нанесе повеќе штета на САД, нагласувајќи дека извозот на Германија на американскиот пазар е само 10 проценти, додека во ЕУ се извезуваат околу 60 отсто од сите стоки.

Германската министерка во интервјуто вели и дека некои од мерките што ги најави Трамп се во спротивност со правилата на Светската трговска организација.