Берлин домаќин на разговорите за Сирија
Берлин денеска ќе биде домаќин на разговорите за Сирија, во кои ќе учествуваат и пратеникот на Обединетите нации Стефан де Мистура и лидерот на сириската опозиција Ријад Хиџаб.
Разговорот ќе биде фокусиран на прашањето како да се исполнат условите за продолжување на мировните преговори во Женева, како и на намалување на насилството и подобрување на хуманитарната состојба, изјави германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер.
Американскиот државен секретар Џон Кери претходно во Женева разговараше со Де Мистура, кој во понеделникот во Москва пред да замина за Берлин разговараше со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
На состанокот во Берлин ќе присуствува и францускиот министер за надворешни работи Жан Марк Еро.
Примирјето во Сирија стапи во сила пред два месеци со посредство на Москва и Вашингтон, но околу Алепо, вториот по големина сириски град повторно се водат жестоки борби, кои се закануваат да ги загрозат преговорите.
Ново на Сител
-
Русија предлага втора рунда директни преговори со Украина во Истанбул в понедленик
-
САД објавија нова политика за визни ограничувања против странци кои „цензурираат“ Американци
-
Собранието го донесе Законот за ратификација на Договорот со Обединетото Кралство
-
Пред нас се неколку години со екстремно високи температури - предупредија најголемите метеоролошки служби во светот
-
Извештај на ДИА: Албанската мафија добива лидерство во шверцот со кокаин
-
Средба Сиљановска-Давкова – Токајев во Астана, изразена подготвеност за унапредување на севкупните односи со Казахстан
-
Израел го потврди убиството на лидерот на Хамас
-
Собраниска расправа за меѓувладиниот договор со Обединетото Kралство во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти