Македонија
28. May 2025 - 17:24

Собраниска расправа за меѓувладиниот договор со Обединетото Kралство во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти

Во Собраниeто во рамки на 52 седница, почна расправата за Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти.

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски презентирајќи го законот истакна дека документот е склучен во Лондон на 22 мај годинава, врз основа на потпишаната декларација за стартешко партнерство меѓу РСМ и ОК и е важен чекор напред во зајкнувањето на партнерството меѓу двете земји и унапредувањето на нивните заеднички интереси. Целта на овој договор е и консолидација и натамошен подфинамичен развој на односите и соработката во однос на критичната инфреаструктура, здравстѕвото, технологијата и енергетијата заради реализација на инфратсурктурни приоритетни проекти. Со Договорот на земјава ќе и се обезбеди кредитна лионија од пет милијарди фунти на располагање за големи инфраструктурни ќелезнички транспортни здравствени и енергетски проекти.

- Списокот на проекти вклучува развој на модерна товарна и брза тарнспортна железница од Табановце до Гевгелија, инвестирање во здравството и изградба на нови болници, завршување на изградбата на Клиничката болница во Штип, изградба на нова зградаа за медицински факултет и студентски дом, изградба на болница и здреавствен дом во Кичево, реконструкција на клиничката болница во Тетово и развој на капацитетите за сајбер безбедноста и дигиталната трансформација на Владата на РСМ. Списокот на проекти на кои би се фокусирала меѓувладината соработка е приложен како анекс А кон овој Договор.  Институцијата на ОК за финансирање на извозот планирано е да биде клучен дел од понудата со покриетие до пет милијарди фунди. Во натамошната постапка ќе бидат вклуечни и надворешни консултанти со цел усогласување на финансирањето и преминување во фазата на реализација на договорениот проект, рече Димитровски.

Тој додаде дека договорот кој се предлага да биде ратификуван не бара донесување нови или измена на пситоечките закони и нема да предизвика потерба за дополнителни средства во Буџетот на државава.

Пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ во процедуралните забелешки ја отвори темата околу тоа дали станува збор за спогодба или договор и за како што рече различната терминологија која се користи во македонската и англиската верзија на Договорот. Според него, во едниот текст стои дека е договор во врска со партнерството, а во англиската верзија стои спогодбаи вели, не може да се смета за меѓународен договор. Ако ги гледаме двете верзии, рече, особено ако ја видиме англиската верзија, ова е ништовен документ затоа што во англиската верзија стои дека потпишал потпретседател на Република Северна Македонија, функција која не постои во уставниот поредок на државава, а во македонската верзија стои дека потпишал заменик претседател на владата на РСМ.

-Ако е ова превид и грешка дајте да видиме што да направиме, да го поправиме или да не го поправиме. Вака имаме ништовност на спогодба, ниту еден акт не можете да потпишете со функција која што не постои, рече Спасовски.

Заменик министерот Димитровски во својата реплика кажа дека во случајот, според него, е настаната техничка грешка само во англиската верзија, а тоа може да се поправи само со размена на ноти. Инаку, вели јасно е дека во име на Владата на РСМ го има потпишано вицепремиерот Николоски.

Пратеникот Митко Трајчулески од СДСМ во своето обраќање обвини за нетранспарентност во однос на Договорот и низа дилеми и недоречености.

-За најголемите и важни договри кои најверојатно ќе ја обликуваат иднианта на нашата земја и во политичка и во екоеномска смисла треба да се однесуваме одговорно и целосно транспарентно. Жалам што Владата ја пропушти оваа шанса, рече Трајчулески.

Според него, со договорото, како што рече, се отвораат можности за нетранспарентни зделки и заобиколување на Законот за јавни набавки. Посебна загриженост, рече, предизвикува и ставот 2 од членот 2 од Договорот, кој вели: „ќе се олесни запознавање со британски деловни субјекти за поддршка на реализацијата на проектите“.

-Македонската јавност има право да знае – што значи оваа одредба? Дали се работи за веќе договорени изведувачи? Ако е така, тоа е во директна спротивност со Законот за јавни набавки и принципот на конкурентност. Каква е тогаш логиката министерката за финансии да тврди дека ќе се почитува домашното законодавство?, истакна пратеникот на СДСМ.

Тој посочи на многу нејасностии и на членот 3 од договорот, каде се вели дека ќе се работи на „мобилизирање на финансирање на приоритетните проекти наведени во анексот А“. Според него, ова отвора ново прашање – дали за секој проект ќе се бара дополнително финансирање, со непознати каматни стапки и услови, што како што вели, претствува висок степен на непредвидливост и сериозен финансиски ризик за државата.

-Владата мора веднаш да излезе пред јавноста и да одговори на сите овие прашања. Граѓаните заслужуваат транспарентност, а не договори зад затворени врати, рече Трајчулевски.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски му реплицираше дека не може да стане збор за нетранспарентност оти договорот е тука пред пратеиците, за разлика вели од Договорот со Бехтел и Енка кој не беше претставен на јавноста бидејќи содржеше клаузила строго доверливо.

-И финансискиот договор и тој на истиот начин ќе биде усвоен - во Владата и во Собранието. Што е сега нетранспарентно, дали таа операција во која тука доаѓаше одној „циркузант“ од „црната листа“ која што вие го ставивте одговорен на тие проекти да ги води и кој пшто не навредувашпе илим ова е нетранспарентно. Зошто и од каде таа пптреба да го потрценувате овој народ. Понтамуа каде тука има за мигарнтси кампови, дали во некој од 8-те члена е напишано тоа. Мојата омилена лага за овој договор дека е ова антиевропски договор, а истатата недела ЕУ склучи договор со ОК, рече Стојаноски.

Во контекст на претходните седум години и владеење на претходната Влада, Стојаноски посочи дека биле потрошени 35 милијарди евра пари на граѓаните, ако се соберат кумулативно сите буџети, долгот на државата бил 100 отсти покачен договорот, а не бил реализиран ниту еден капитален проект.  

-Излезете и кажете ми еден капитален проект кој пшто е завршен. Кажете ми СДСМ за седу години и сто проценти покаќчен дилг го направи овој и овој пртоект или барем понавте еден кој што е набројан во овие договори, праша Стојаноски.