Loading Video...
Тенис
14. May 2019 - 17:51

Беретини го елиминира Зверев во првата рунда во Рим

 
На тенискиот АТП Марстерс во Рим, денеска на програмата неколку интересни мечеви во двете конкуренции. 
 
Александер Зверев од Германија е елиминиран од домашниот тенисер Матео Беретини.  23-годишниот Италијанец  кој е на 31-место на АТП ранг листата го совлада 4.носител Зверев во два сета со 7:5 и 7:5 . 
 
Од носителите настапот во Рим го заврши и 12-тиот Медведев од Русија кој со 6:3 и 6:2 загуби од Ник Киргиос од Австралија. Пласман во следната рунда обезбеди Хрватот Марин Чилиќ кој како 9-ти носител во два сета беше подобар од Италијанецот Андреа Басо. 
 
Од поинтересните дуели ја издвојуваме победата на Гован над Варинка, како и елиминацијата на Бугаринот, Димитров кој во три сета загуби од Германецот,  Струф. 
 
Кај дамите турнирот во Рим заврши за Каролине Возњацки која го предаде мечот на Американката, Даниеле Роус  Колинс откако нејзината противничка го доби првиот сет во тај-брејкот. 
 
Утре пак својот прв настап ќе го имаат топ фаворитките Наоми Осака и Петра Квитова, но сепак најголемо внимание ќе привлече американскиот дуел, во кој ќе се сретнат сестрите Серена и Венус Вилијамс.