Бербок: Путин не сака да преговара
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека очекува натамошна ескалација на војната во Украина, оценувајќи дека рускиот претседател Владимир Путин не сака да преговара.
- Тој повеќе од јасно дава до знаење дека е надвор од дофатот на рационалните аргументи и вредностите на човештвото. И тој сигурно не сака да преговара, изјави Бербок за медиумската група „Функе“.
Шефицата на германската дипломатија оцени дека ќе има незамисливи последици доколку Украина биде поразена во војната.
- Човештвото мора да победи, истакна Бербок, додавајќи дека безбедноста на Европа и меѓународниот поредок ќе бидат загрозени доколку Русија ја победи Украина.
- Поддршката на Украина е наша сопствена гаранција за безбедност, смета Бербок.
Сепак, таа ја отфрли можноста за испраќање европски копнени трупи во Украина.
Според Бербок, целта на Путин е да го уништи постоењето на Украина како независна, слободна земја и да го вовлече НАТО во војна.
- Од самиот почеток јасно ставивме до знаење дека тоа никогаш нема да го дозволиме, рече таа.
Ново на Сител
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава
-
Поранешниот директор на Геријатрија не се чувствува виновен за примањето 20.000 евра поткуп