Бербок: Не смее да се дозволи Русија да ја попречува работата на ОБСЕ
Соработката во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) мора дополнително да се зајакне иако Русија постави огромни пречки на патот на работата на ОБСЕ во последните година и пол, порача германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во своето обраќање на 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје.
Бербок, исто така, порача дека нема да ја дозволат играта на Русија да ги уништи организациите кои се потпираат на мирен соживот и соработка.
- Како ниедна друга организација, ОБСЕ се залага за безбедност на повеќе од 1,3 милијарди луѓе, што значи дека тие сакаат да живеат заедно во мир и безбедност и добар економски развој, нагласи Бербок.
Фактот дека Русија не успеа да го уништи ОБСЕ „е важен придонес за нашиот мировен поредок“, рече шефицата на германската дипломатија, нагласувајќи дека „овој поредок на мир мора да продолжи“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
