Бензините поевтинуваат од полноќ
– Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари по литар, а цената на дизелот и на мазутот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,34 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 88 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 90, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 85,5 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и понатаму ќе остане 90 денари за литар, а на Мазутот М-1 НС 52,786 денари за килограм.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар бележат намалување кај бензините во просек за 4,114 отсто, кај дизелот намалувањето е во просек за 2,263, кај екстра лесното масло во просек за 3,513, а кај мазутот има намалување во просек за околу 1,29 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот, пак, е повисок за околу 0,005 отсто.
Ново на Сител
-

Шекеринска: Со компромис и нудење решенија - побрзо до ЕУ
-

Извештај на ЕК: За Кос се зависи од Македонија
-

Тема на денот со Радмила Шекеринска, заменик генерална секретарка на НАТО
-

Преглед на вестите од светот
-

Извештај на ЕК: За Кос се зависи од Македонија
-

Научната заедница: Бугарија ќе продолжи со блокадите и по уставните измени
-

Алта Банка утре ги отвора вратите во главната филијала во Битола, но само за исплата
-

Трагедија во Богданци, две лица пронајдени мртви, едното во опожарен автомобил
