-->
-->
Бензема: Роналдо, ама Бразилецот, е најдобар
-->
Голгетерот на гигантот од Мадрид, Реал , Карим Бензема, смета дека Бразилецот Роналдо е најдобриот фудбалер во историјата.
„Кога бев дете, начинот на кој играше Бразилецот Роналдо многу влијаеше врз мене. Мислам дека тој е најдобриот напаѓач и најдобар фудбалер во историјата. Гледав снимки од неговите игри и се обидував да го повторам тоа. Некои работи кои ги правеше едноставно е невозможно да се повотрат“, рекол Бензема.
Легендарниот Бразилец, во кариерата играл за ПСВ, Барселона, Интер, Реал и Милан, а во 2002 година беше најдобар стрелец на Мундијалот во Јапонија и Кореа, на кој Бразил ја освои титулата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
21-ви „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Славјанка Петровска, пратеник
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за скандалот во АНБ
-
Тошковски: Обвинителството не реагира на поднесените пријави
-
Муцунски: Бараме предвидлив и доследен пат до ЕУ
-
На Македонците во Италија се уште не им се прифаќаат возачките дозволи со новото уставно име
-
Невработеноста паѓа. Расте и бројот на лице кои работат на црно
-
Македонија ќе остане без матични лекари ако не се донесе итно системско решение