-->
-->
Бензема обвинет за изнудување пари
-->
Француското обвинителство го обвини напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, за скандалот со изнудата на пари на репрезентативниот колега Метју Валбуена, објави AFP Sport. Бензема се соочува со петгодишна затворска казна која може да значи и крај на неговата кариера.
Бензема доброволно се јавил во полиција за да биде испрашан во врска со аферата, односно изнудата на пари од Валбуена поради секс снимка. Тој ноќта помеѓу средата и четвртокот ја мина во притвор.
Весникот „Le Parisien“, пренесува детали од сослушувањето на Бензема пред судот. Тој признал дека му помагал на пријател од детството (тврдејќи дека му враќал услуга), односно дека тројцата сакале да изнудат пари преку него стапиле во контакт со Валбуена.
Исто така Бензема пред истражителите признал дека на репрезентативниот собир во октомври му рекол на Валбуена да контактира само со неговиот пријател. Бензема тврдел дека само сакал да му помогне на својот пријател не размислувајќи за последиците.
За потсетување, Валбуена бил уценуван поради секс снимка која се наоѓала во неговиот стар телефон. Тројцата кои некако дошле до тој телефон, од фудбалерот на Динамо Москва, која како позајмен настапува во Лион, побарале поголема сума на пари за да не ја објават снимката.
Бензема во целата ситуација бил вклучен за да му каже на Валбуена дека негов пријател и уште двајца ја поседуваат снимката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
57 пациенти од трагедијата во Кочани остануваат на болничко лекување двајца се уште се во критична состојба
-
Утре одлука на Таравари: Останува во Вреди или сам ќе трча на локалните избори
-
Муцунски од Луксембург: Крајно време е Македонија да ги започне преговорите со ЕУ
-
Зголемена наплатата на вкупните приходи, најмногу од дивиденди од државните институции
-
Палчо ќе сведочи на денешното рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Кочани денеска ќе добие привремен градоначалник, 45 лица осомничени за пожарот во Пулс
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски
-
Таравари со последни информации за повредените во Кочани