Белорускиот опозициски кандидат Валериј Цепкало побегна во Русија за да ги спаси децата
Белорускиот опозициски кандидат Валериј Цепкало, кој сакаше да му се спротивстави на актуелниот долгогодишен лидер Александар Лукашенко на претседателските избори следниот месец, избега во Русија со своите двајца синови, плашејќи се дека ќе му бидат одземени, наведе неговиот предизборен штаб.
Цепкало, поранешен белоруски амбасадор во Вашингтон, кој подоцна основа високо-технолошки парк, бил загрижен што властите почнале постапка за одземање на неговите родителски права, пренесоа британските медиуми.
Неговиот предизборен штаб наведе дека службени лица од обвинителството дошле во училиштето на децата и побарале писмена изјава дека нивното семејство недоволно се грижи за децата.
-Немавме друг избор, изјави сопругата на Цепалко, Вероника.
Таа кажа дека ја повикале загрижени луѓе дека сакале да потпишат документи против нив и дека следниот чекор е да им се одземат родителските права, всушност да се докаже дека таа е лоша мајка.
Портпаролот на обвинителството одби да даде коментар на тврдењето.
Цепкало побегна во Русија неколку дена откако другиот опозициски кандидат, Светлана Тиханускаја, ги засолни своите две деца на непозната локација во Европската унија, откако добила анонимни закани дека ќе и бидат одземени.
Ново на Сител
-
Една година Влада - отчет на премиерот Мицкоски
-
Бугарија го спори извештајот на ЕП за Македонија, Георгиев вели дека нема тежина
-
Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-
Годинава се очекуваат околу 24 милиони килограми тутун, неизвесно дали и сега ќе се откупува само во прва класа
-
Извештајот за Македонија утре на втор обид за гласање, Вајц не сака да го коментира исходот предвреме
-
Ново поскапување на дизелот, за една недела поскапе за 7 денари
-
Синдикатот на Клинички против решението на Алиу дел од вработените на клиниките да паркираат надвор од кампусот „Мајка Тереза”
-
СДСМ обвинува за блокада