Loading Video...
Фудбал
9. April 2020 - 18:55

Белорусите со „измама“ ги пополнат фудбалските трибини

Белорусите сеуште му пркосат на Корона вирусот, па покрај првенствените дуели во тамошниот фудбал беа одиграни и првите средби од полуфиналето на националниот куп. 

Екипата на Динамо Брест со 2:0 го победи тимот на Шахтјор. 

До победата составот од Брест стигна пред своите симпатизери, кои имаа привилегија или подобро речено храброст да присуствуваат на мечот. Но. Раководството на клубот, направи брилијантен обид да го пополни својот стадион поставувајќи лажни навивачи. 

Имено биле користени кукли но и празни столчиња, на кои биле поставени најразлични дресови од светски познати екипи како Манчестер Јунајтед, Арсенал и Реал Мадрид, а на дел од нив биле и фотографии од лица. Вака поставените „навивачи“ беа испреплетени заедно со неколкумина реални симпатизери на клубот, се со цел да се создаде впечаток дека на трибината на стадионот има поголем број на гледачи. 

Што се однесува до натпреварот. Двата гола кои ги постигнаа Олександер Нојок и Павел Савитскиј беа постигнати во првиот дел.

И на вториот полуфинален меч победа остварија домаќините. Тимот на Славија Можир го победи фаворизираниот бате Борисов со 1:0 со голот на Јуриј Пантеа постигнат уште во 11.минута од натпреварот.