Белград: „Тато, ова е за тебе, затоа што умре, а немаше респиратор“

Откако српскиот претседател Александар Вучиќ најави повторно воведување на полициски час во земјата поради влошувањето на ситуацијата со коронавирусот, голем број на граѓани се собраа на протест во Белград.
Синоќа беше бурно во српската престолнина, илјадници демонстранти се судрија со полицијата и дури упаднаа во зградата на Собранието откако Вучиќ најави повторно воведување на полициски час во државата.
Запалени полициски автомобили, камења, солзавец и пендреци на сите страни, Белграѓани до раните утрински часови протестираа против српската власт, а во морето на потресни сцени, исплива видео како потенцијален симбол и реченица која долго ќе се изговара - „Тато, ова е за тебе“.

За време на демонстрациите пред Собранието на Србија, во програмата на Н1 „упадна“ еден од демонстрантите и испрати потресна порака која во истиот момент стана вирална и еден вид на симбол на протестите.
„Солзавец, боева муниција и пендреци на голораката младина. Тато, ова е за тебе. Почина, а немаше респиратори. Многу те сакам, ова е за тебе и за мојот син кој се роди“, изјави демонстрантот.
Репортерката на Н1 го праша од што починал неговиот татко, а тој одговори:
„Се уште не сум добил потврда. Не ги добив тестовите дека почина од корона. Во земунската болница немаше респиратори, а само зборуваа дека дури и донираме респиратори. Знам дека би бил горд на мене“, изјави тој.
Ново на Сител
-

Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
-

Куче без надзор и маска каснало жена во Кратово, сопственичката доби кривична пријава
-

Тројца вооружени разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
-

Мерцедес излетал од автопатот „Пријателство“ и влетал во двор на куќа, двајца тешко повредени
-

Народниот правобранител ќе дежура за пријави за повреда на избирачкото право на денот на изборите во Брвеница
-

Детскиот музички фестивал „Тра ла ла“ на 6 ноември ќе се одржи по 26-ти пат во Битола
-

АЛТА банка АД Битoла е ликвидна и продолжува со стабилно и непpечено работење
-

ДИК: Вкупно 107 болни или немоќни и 9 лица кои се на издржување казна затвор можат да гласаат на вториот круг во Брвеница
