Белград е меѓу најскапите европски градови за самци - киријата одзема најголем дел од заработката

Белград го зазема петтото место на листата на градови што се најмалку прифатливи за самци во однос на трошоците за домување, според резултатите од истражувањето за 2026 година на британскиот финансиски портал Tradingpedia.
Пристапноста на домувањето останува една од најзабележителните линии на поделба меѓу европските метрополи во 2026 година, заклучува тоа истражување.
Лисабон е градот со најмалку прифатливо домување за подстанари, бидејќи месечните трошоци за опремена гарсониера од 45 квадратни метри, вклучувајќи комунални услуги и интернет, изнесуваат просечно 1.226 евра, што е дури 91,3 проценти од просечната месечна плата во градот од 1.343 евра, според британскиот портал.
Во Варшава, истиот стан, заедно со комуналните услуги и основните предмети за домаќинството, чини просечно 1.303 евра месечно, или 68,2 проценти од просечниот локален приход.
Тирана е исто така меѓу градовите со најмалку прифатливо домување, каде што киријата и комуналиите чинат просечно 504 евра месечно, што „јаде“ 66,3 проценти од просечната плата.
Рим и Белград се на четврто и петто место, а трошоците за домување сочинуваат 62,6 проценти и 61,5 проценти од просечните плати, соодветно, оставајќи ги жителите со значително помалку расположлив приход по плаќањето кирија и сметки.
Според основните месечни трошоци, Сараево е најевтиниот европски главен град во 2026 година, со просечни месечни трошоци за живот за едно лице од само 584 евра.
Според истражувањето, Подгорица ја заокружува листата на најевтини европски главни градови, со проценети месечни трошоци за живот од вкупно 760 евра. Главниот град на Црна Гора комбинира умерени трошоци за домување од околу 443 евра месечно со релативно прифатливи цени на храната, при што основната потрошувачка кошничка чини во просек околу 110 евра месечно. И покрај зголемувањето на цените низ Европа, Подгорица сè уште останува еден од најевтините главни градови на континентот.
МИА
Ново на Сител
-

Француските средношколци по средбата со Макрон повикаа на продолжување на протестите сè додека не се објават конкретни мерки
-

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти
-

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
