Белгија забрани да се патува во Македонија поради Ковид-19

По повеќе дена преговори, Белгија ја објави својата листа на дозволени дестинации за своите граѓани, Северна Македонија не спаѓа во нив.
Со ова Белгија ја следи и препораката на Советот на ЕУ кој на 30 јуни објави препорака до сите 27 земји членки за отворање на границите. Белгија дури денеска го соопшти конечниот договор.
За Северна Македонија, Министерството за надворешни работи објаснува дека „бројот на случаи на Ковид-19 во Северна Македонија силно и постојано расте. Епидемиолошката состојба јасно се влоши од почетокот на јуни месец“.
Поради ова, белгиските власти оценуваат дека за нивните граѓани патувањата надвор од ЕУ, вклучително и Северна Македонија остануваат забранети.
Што се однесува до Србија и Црна Гора, кои се на белата листа на Советот на ЕУ, Белгија сепак одлучи дека само патувањата од „суштинско значење“ се дозволени во овие земји.
Ново на Сител
-

Почнуваат 16-те денови на активизам против насилството врз жените
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Премиерот не е задоволен од работата на Обвинителството
-

Климатските промени влијаат врз економиите
-

Пропадна тендерот за Универзална сала
-

Општина Штип издвои 600 000 денари за најдобрите ученици
-

Преглед на вестите од светот
