Белгија не дозволува митинг на Ердоган во Брисел
Градските власти во Брисел денеска соопштија дека поради безбедносни причини нема да дозволат турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да одржи митинг во белгискиот главен град.
Според градоначалникот на Брисел, Иван Мејор, Ердоган сака да оджри собир на илјадници луѓе во градот заради „внатрешните прашања на Турција“.
Ердоган ќе престојува во посета на Брисел следната недела за да учествива на средбата на 28-те шефови на држави или влади на членките на НАТО, закажана за 25 мај.
Минатиот месец, Турците во Белгија масовно гласаа за промените во турскиот Устав, со кои му се обезбедија поголеми ингеренции за претседателот.
Минатата седмица белгискиот премиер Шарл Мишел изјави дека неговата земја нема да дозволи на нејзина територија да се организира гласање на евентуален референдум за повторно воведување на смртната казна во Турција.
Ново на Сител
-
Во 22 општини градоначалник веројатно ќе биде избран во прв круг
-
Тема на денот со Азир Алиу, министер за здравство
-
Серија средби на министерот Муцунски во Њујорк
-
Ждрепка во ДИК, познат изгледот на гласачкото ливче
-
Уставен нема да поведе постапка за иницијативата на ДУИ
-
Серија средби на министерот Муцунски во Њујорк
-
Ждрепка во ДИК, познато гласачкото ливче за 19 октомври
-
Мицкоски најавува серијал случаи за работата на судии и обвинители