Белгија ќе ѝ додели нова воена помош на Украина
Белгија ќе додели дополнителни 12 милиони евра воена помош за Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова го најави белгиската министерка за одбрана, Лудивин Дедондер, во интервју за белгискиот весник „Ехо“.
Белгија веќе испрати воена опрема во износ од 45 милиони евра во Украина од почетокот на руската инвазија. Министерката најави дека овој пат ќе се испорачаат тешки митралези и муниција во износ од 12 милиони евра, како и летачка опрема за зимата, а идната година Белгија ќе испрати и амбуланти и медицински камиони.
Белгија е исто така дел од мисијата за воена обука на Европската Унија, и е подготвена да помогне во овој дел со своето знаење, меѓу другото за снајперисти. – Нови трупи од Белгија треба да пристигнат и во базите на НАТО во Романија на средината на 2023 година, истакна Дедондер. Белгија се подготвува да распореди и шест Ф-16 во Естонија. За ова министерката треба да добие дозвола од Парламентот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска
-
И годинава ниеден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа