Белгија ќе ѝ додели нова воена помош на Украина
Белгија ќе додели дополнителни 12 милиони евра воена помош за Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова го најави белгиската министерка за одбрана, Лудивин Дедондер, во интервју за белгискиот весник „Ехо“.
Белгија веќе испрати воена опрема во износ од 45 милиони евра во Украина од почетокот на руската инвазија. Министерката најави дека овој пат ќе се испорачаат тешки митралези и муниција во износ од 12 милиони евра, како и летачка опрема за зимата, а идната година Белгија ќе испрати и амбуланти и медицински камиони.
Белгија е исто така дел од мисијата за воена обука на Европската Унија, и е подготвена да помогне во овој дел со своето знаење, меѓу другото за снајперисти. – Нови трупи од Белгија треба да пристигнат и во базите на НАТО во Романија на средината на 2023 година, истакна Дедондер. Белгија се подготвува да распореди и шест Ф-16 во Естонија. За ова министерката треба да добие дозвола од Парламентот.
Ново на Сител
-
Шест студенти се удавија во рудник во Кина
-
Зеленски: Како одговор на предлогот за прекин на огнот, Русија продолжи со нападите врз цивилни цели
-
ЦУК: Пет активни пожари и четири под контрола
-
Приведен 42 годишник од Тетово, управувал возило со 1,94% промили алкохол во крвта
-
Двајца загинати во големиот пожар на Кипар проширен на 100 квадратни километри
-
Десет лица загинаа во шумски пожар во западна Турција
-
Авион со околу 50 патници исчезна над Русија
-
Човековидниот робот „Аи-Да“ наслика портрет на кралот Чарлс