Белгија го презема претседателство со ЕУ
Белгија денеска го презема претседавањето со Советот на ЕУ и во следните шест месеци ќе работи на подобра заштита на европските граѓани, зајакнување на соработката и подготовка за заедничка иднина.
За време на своето претседавање, Белгија ќе се фокусира на шест тематски области и ќе посвети особено внимание на одржувањето на непоколебливата поддршка на ЕУ за Украина, се наведува на веб-страницата на претседателството со Унијата.
Претседателството ќе работи на одбрана на владеењето на правото, демократијата и единството на ЕУ, зајакнувањето на конкурентноста на блокот, зелената и правична транзиција, зајакнувањето на социјалната и здравствената агенда, заштитата на луѓето и границите, како и промовирање на глобална Европа.
Ова е тринаесетто ротирачко претседателство на Белгија со ЕУ. За време на белгиското претседателство, на почетокот на јуни ќе се одржат европските избори.
Како што е наведено во програмата, со оглед на тоа што сегашниот институционален циклус на ЕУ се ближи кон крајот, белгиското претседателство ќе поддржи непречена транзиција кон следниот циклус.
Претседателството ќе го поддржи усвојувањето на Стратешката агенда 2024-2029 година и ќе подготви дискусии за иднината на ЕУ, пренесува Бета.
Белгија на крајот на јуни ќе и го предаде претседавањето со ЕУ на Унгарија.
Ново на Сител
-
Изгоре автомобил во струмичкото село Банско
-
Ангелов очекува по локалните избори да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС
-
На Табановце се чека до половина час, а на Дојран и Богородица до 15 минути
-
До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците
-
Најмалку 17 лица загинаа по израелски напад во Газа
-
РТС поднесе крвична пријава поради блокада на нивни објекти
-
Во американските воздушни напади на пристаништето во Јемен загинале 74 лица
-
Украина прими стотици тела на војници во размена со Русија