-->
-->
Белгија: Евакуиран трговски центар, ограбувачите побегнале
-->
Трговскиот центар „Кора“ во белгискиот град Шатле е евакуиран откако тројца вооружени мажи се обиделе да ограбат златарница.
Инцидентот заврши со бегство на напаѓачите. Тие побегнале со возило со украдени регистерски таблички, јавија локалните медиуми.
- Во инцидентот не е истрелан ниту еден куршум и никој не е повреден. Тројцата напаѓачи биле вооружени со најмалку еден „калашњиков“, но немаше пукотници, изјави полицискиот претставник Ерик Де Брабандер.
Претходно, дел од евакуираните граѓани изјавиле дека слушнале истрели, но се работело за кршење на излогот на златарницата.
Засега нема навестување дека инцидентот е поврзан со тероризам.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повеќе од една недела не работат хируршките сали на Клинички, Демири ќе одржи прес-конференција
-
ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт
-
Пукање на Пластичарска, најмалку тројца ранети
-
Силен земјотрес регистриран на Тонга
-
100 санкционирани возачи во Скопје
-
Најмалку тројца загинати во поплавите во Ерменија и Грузија
-
Состојба на патиштата
-
Честа појава на пороен дожд и грмежи до четврток, стабилизирање на времето од петок