Белата куќа се закани со вето на предлог законот на Сенатот за буџетот за одбрана
Белата куќа денеска се закани дека ќе стави вето врз предлог законот за буџетот за одбрана, што во моментов се разгледува во Сенатот на американскиот Конгрес, пренесоа британските медиуми.
Кабинетот на американскиот претседател посочи дека предлог законот нема да му овозможи на претседателот Обама да го затвори центарот за задржување на претпоставените терористи во Гвантанамо, на Куба.
Предлог законот на Сенатот, исто така, го ограничува бројот на членови на Советот за национална безбедност на американскиот претседател. Исвен тоа, според проценка на Белата куќа, тој ќе ги поткопа експертските оценки на цивилното и военото раководство на Министерството за одбрана и ќе ја ограничи можноста на претседателот и на министерот за одбрана да раководат со националната одбрана.
Комисијата за вооружени сили на Сенатот минатиот месец го усвои предлог законот и тој сега се дебатира во Сенатот, каде сенаторите веќе поднесоа стотици амандмани на текстот.
Обама веќе предупреди дека ќе стави и вето на верзијата на законот за финансирање на одбраната, донесен минатиот месец од Долниот дом на Конгресот - Претставничкиот дом. Белата куќа се противи на оваа верзија од различни причини, а меѓу нив и на начинот на користење на сумата од 18 милијарди долари, предвидена за финансирање на специјални воени цели.
Ново на Сител
-
Во Иран уапсени 24 лица поради шпионажа во корист на Израел
-
ИДФ: Иран напаѓа со ракети со повеќе боеви глави
-
Унгарската полиција ја забрани претстојната Парада на гордоста во Будимпешта
-
Нов ирански ракетен напад врз Израел
-
Нова размена на воени заробеници помеѓу Русија и Украина
-
Во Кочани се одржува средба на родителите на починатите во „Пулс“ со обвинителите
-
Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста