-->
-->
Белата куќа не се откажува од средбата Пенс-Абас
-->
Американската Администрација и натаму очекува да се одржи средбата меѓу потпретседателот на САД, Мајк Пенс и палестинскиот лидер Махмуд Абас, предвидена за 19 декември во Витлеем, соопшти вечерва Белата куќа.- Потпретседателот се уште има намера да се сретне со Абас, како што е планирано. Можното откажување на средбата би било контрапродуктивно, оцени Белата куќа.
Реакцијата на Белата куќа следи по изјавата на претставникот на Движењето за ослободување на Палестина (Фатах), Џибрил Раџуб дека Абас ја откажал планираната средба со Абас.
- Таква средба нема да има. (Пенс) не е пожелен во Палестина, изјави Раџуб.
Откажувањето на средбата, што требаше да се одржи во рамки на турнејата на Пенс на Блискиот Исток, следи по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на Ерусалим за главен град на Израел и издавањето наредба на Стејт департментот за преместување на Амбасадата на САД од Тел Авив во „Светиот град“.
Таквата одлука на Трамп, Абас ја оцени како „повлекување на САД од мировниот процес на Блискиот Исток“.
Претходно, како што јави МИА, портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс изјави дека одлуката на Трамп не е сигнал дека САД се повлекуваат од мировниот процес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп: Иранците одиграа мала игра, но многу добри разговори се во тек
-

МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани
-

Папата Лав Четиринаесетти го ублажува спорот со Трамп, тврди дека наводите за неговите изјави се неточни
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
-

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие
-

Оштетен минибус со охридски навивачи
-

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата
-

Десет лица повредени во верижен судир на пет возила во Ѓорче
