Бела куќа: Трамп е разочаран и од Путин и од Зеленски

Доналд Трамп е разочаран како од рускиот така и од украинскиот претседател, Владимир Путин и Володимир Зеленски, и сака конфликтот да заврши колку што е можно поскоро, изјави Керолин Левит, портпаролка на Белата куќа.
- Луѓе умираат од двете страни, а ова трае предолго. Нашиот тим продолжува да комуницира и со руската и со украинската страна, рече Левит на брифингот за новинарите.
Администрацијата на Трамп дошла до заклучок дека е малку веројатно постигање на договор за мир во Украина во „следните неколку месеци, коментираат дел од американските медиуми повикувајќи се на службеници запознати со ситуацијата. Белата куќа започнала да развива нови механизми за притисок и врз Москва и врз Киев.
Трамп смета дека Путин намерно го одолговлекува преговарачкиот процес па Белата куќа разгледува можност за воведување жестоки санкции против руската „флота во сенка“, што ѝ овозможува на Москва да ги заобиколи ограничувањата за извоз на нафта.
-Во Вашингтон гледаат дека Кремљ упорно се спротивставува на притисокот од САД и дека не попушта. Затоа, американските власти разгледуваат економски или дипломатски мерки кои би можеле да ја натераат Русија да ја преиспита својата позиција, наведуваат некои коментатори.
Истовремено, во Белата куќа веќе не ги сметаат за реални досега разгледаните можни сценарија за мирно решавање. Тоа ги засилува стравувањата на Вашингтон дека војната, која трае повеќе од три години, ќе продолжи на неопределено време, а Украина ќе има потреба од дополнителна воена и финансиска поддршка од Западот.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
