Бектеши: Се извинивме за грешката, ако е намерна ќе има одговорност
Симболиката беше да дадеме пример, но истовремено и порака дека иако немаме море во нашата држава, имаме планини, езеро. Фотографијата е веќе сменета. Во моментот работиме на дополнителни фотографии од нашите туристички дестинации, а годинава ќе имаме прилика и речиси неделно да ги менуваме фотографиите. Ако е направена намерна грешка, секако дека ќе има одговорност.
Вака министерот за економија, Крешник Бектеши одговори на новинарското прашање во врска со направениот превид при објавувањето на Платформата „Дома си е дома“ која првично осамна со фотографија од езерото Кенигсе во Германија.
Целта на Платформата, објасни Бектеши, не е промоција на домашните дестинации, туку транспарентност – граѓаните што полесно да имаат увид дали добиле ваучери и во кои хотели или угостителски објекти може да ги користат.
Бектеши го оправда и го пофали Секторот за туризам, изразувајќи му јавна благодарност зашто ја искреирал Платформата за само десет дена, невремено, иако воедно одговора и на 30.000 мејлови пристигнати од граѓаните. Човечки е, според министерот, да се прават грешки и не треба да се гледа само на негативната страна.
-За фотографијата веќе се извинивме, а за грешката ќе ги разгледаме сите можности и ако е намерна, ќе има одговорност. Секторот има знаење и работи професионално, а грешки може да се случат. Да не ја гледаме само негативата, туку и позитивната страна. Во моментов Секторот одговара на 30.000 меилови за да им излезе во пресрет на граѓаните и работи на транспарентно издавање 117.000 ваучери. Ги знам луѓето кои раководат со него и не би се согласил дека некој од нив знае или не постапува согласно задачите што ги има. Токму овој Сектор е заслужен за многуте програми во претходните години кои резултираа со зголемен број странски и домашни туристи, напомена Бектеши.
Платформата „Дома си е дома“ осамна со насловна фотографија од езерото Кенигсе во Германија. Освен авторот на фотографијата Симон Мигај кој прв реагираше, на социјалните мрежи имаше и голем број критики, па и шеговити и саркастични коментари и постови од наши граѓани за направената грешка. По ова, Министерството за економија ја смени фотографијата со пејзаж од Охрид. Во соопштение до медиумите се извини и објаснни дека превидот е направен зашто, наводно, фокусот во тој момент бил ставен на функционалноста на Платформата со цел ваучерите да бидат испорачани навреме.
-Фотографијата која е употребена на платформата „Дома си е дома“ е преземена со сите авторски права, а во текот на денов ја заменивме со нова фотографија од домашна туристичка дестинација, соопшти Министерството за економија пред два дена.
Ново на Сител
-
Ужас во Охрид: 50-годишник повеќе пати силувал девојче кое не наполнило 15 години, девојчето се породило во март
-
Незапаметен случај на лихварство во Охрид: Маж (35) и жена (39) изнудиле 1.160.000 евра
-
Српски воен падобранец загина по скок со падобран
-
Мајкл О’Флаерти: Северна Македонија да продолжи со посветеност на правата на Ромите
-
РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници
-
Почина Николче Здравески, легендата на прилепскиот фудбал
-
Трамп одбележа 100 дена на власт со голем митинг полн со критики кон другите и пофалби за себе
-
Трамп: Мислам дека Путин сака мир во Украина и покрај неодамнешните напади