Бектеши: Од 1 јануари нема да поскапи струјата
ТЕЦ Неготино ќе работи кога тоа ќе биде исплатливо. Во моментов е поевтино да увеземе струја, отколку да работи ТЕЦ Неготино, рече денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.
Според Бектеши, залихи на мазут има, граѓаните да не стравуваат зашто во континуитет ќе бидат обезбедени потребните количини топлинска и електрична енергија, а се прават и сите калкулации да нема поскапување на струјата од 1 јануари.
Најверојатно, како што рече Бектеши, помали сметки ќе имаат и малите потрошувачи.
-Сега е поевтино да увеземе струја, отколку да работи ТЕЦ Неготино. Во моментот кога ќе биде спротивно, капацитетот веднаш ќе се вклучи во работа. Ако ја земеме предвид цената на мазутот моментално, цената на производство на електрична енергија по мегават час од страна на ТЕЦ Неготино излегува некаде 240 до 245 евра, а ако увеземе, претходната недела увезувавме со 205 евра по мегават час, зборувам за просечна цена, не за дневна, неделна, месечна. Имаме и залихи на мазут и веќе се прават сите подготовки за во континуитет да може да се стави во употреба во текот на грејната сезона. Граѓаните да бидат спокојни, сите подготовки се направени, во континуитет ќе бидат снабдувани со електрична енергија. Се прават калкулациите од 1 јануари да нема зголемување на цената на електрична енергија за домаќинствата, а најверојатно би имало и намалување за малите потрошувачи, истакна министерот, одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на бизнис настанот SUBEX- Suppliers Balkan Expo.
Тој дополни и дека никој не знае дали може да се случи некоја хаварија.
-Веќе е испорачан дополнителниот трансформатор за третиот блок во Битола, најверојатно за една недела би требало да биде во Битола каде што ќе има уште една дополнителна можност за производство на електрична енергија. Ако мислите дека треба да произведуваме електрична енергија со повисока цена, добро, ние тоа ќе го направиме, нема да увеземе, но на таков начин нема да го штитиме буџетот. Ние носиме одлуки и за заштита на буџет и за граѓаните непречено да бидат снабдувани со електрична енергија и тоа ќе трае до крајот на грејната сезона, како за електричната, така и за топлинската енергија. И граѓаните нема да имаат зголемени сметки од 1 јануари, а компаниите најверојатно ќе имаат намалени сметки за електрична енергија, напомена Бектеши.
Ново на Сител
-

Контејнерски брод потона во близина на Ормуската Теснина откако беше погоден од ракета
-

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува
-

Мелони: Договорот меѓу САД и Русија за дизелот е „многу ризичен избор“
-

Предлог - одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба за нафта и нафтени деривати помина на матичната комисија
-

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар
-

Променливо облачно време во наредните денови, во петок слаб дожд и снег на планините
-

Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
-

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
