Бектеши најавува нови мерки за цените но не открива какви, во маркет се увери дека цените растат
И покрај ограничувањата на профитната маржа на трговците, одредени цени и натаму растат. Во обиколка на еден маркет, министерот Бектеши посочи дека полиците повеќе не се празни, но и тој забележал поскапување на некои производи. Затоа најави нови мерки како превенција од ценовни шокови, но не откри какви. Посочи само дека ограничената маржа, ќе остане се додека цените не почнат да се стабилизираат.
Утре се очекува и нова цена на горивата, кои веќе два месеци со ред поскапуваат. И покрај тоа што од Регулаторна посочија дека има раст кај сите влезни параметри на цената , се уште не се знае каква ќе биде од утре. Но министерот Бектеши со смирувачки пораки до граѓаните – нафта има но и натаму во земјава ќе се точи најевтино гориво во регионот.
Минатите денови можеше да се забележат празни полици во макретите и колони на бензинските пумпи. Одговор зошто тоа се случи се уште нема. Претпоставките се дека одредени трговци во обид да ги продадат своите производи по повисоки цена, ги чувале на залиха. Но за ова официјална потврда од пазарен нема. Тие и во следните денови продолжуваат со масовни контроли низ целата држава.
-

Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар
