Бектеши: Четири до пет компании се здружени и утврдуваат цени по кои дистрибуираат и продаваат леб во Скопје

Во Градот Скопје во делот на производство на леб, четири, максимум пет компании се здружени и утврдуваат цени по кои дистрибуираат и продаваат леб во големите супермаркети, смета министерот за економија Крешник Бектеши.
Вели дека тоа е негов личен став и ја повикува Комисијата за заштита на конкуренцијата да го испита случајот.
Во внатрешноста на земјава, додава, цените се пониски од 32 денари.
- Како Министерство за економија таква работа нема да дозволиме додека имаме механизми да постапиме согласно Законот за трговија. Тука нема ништо спорно, имајќи предвид дека е дециден членот 29 и членот 30 – дека во одредени ситуации Министерството за економија може да ѝ предложи на Владата вакви ограничувања или обврски, и дека една од мерките може да биде замрзнување или определување на највисока цена за одреден производ, вели Бектеши во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
