Бектеши: Цените се намалуваат – мерките на Владата даваат резултат
Јас се согласувам со граѓаните дека цените се зголемени во 2022 година, но оваа година тие се намалуваат, вели за Детектор, Министерот за економија Крешник Бектеши.
„Цените веќе се стабилизираат. Има намалување на цените. Кога кажуваме намалување, за да бидам коректен, ние ги споредуваме со цените кои нагло се зголемија во јули, август и септември. Сега ние да бидеме некоректни кон граѓаните, ќе излеземе после 2 месеци и ќе кажеме дека имаме големо намалување на прехранбените производи затоа што и ќе ги споредиме со месеците од претходната година каде што има нагло зголемување. Ние како Влада носиме политики, мерки за да го стабилизираме пазарот. Дали ние можеме да влијаеме на цените на увоз надвор од државата, на тоа не може да влијаеме. “ – вели Бектеши оправдувајќи ги се уште високите цени на некои основни прехрамбени производи.
Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика во Македонија лани цените на прехранбените производи се зголемиле за околу 40% додека годишната стапка на инфлација изнесува 14,2%.
Ново на Сител
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени
-
Македонија платила над 7 милијарди евра за увозна храна за 10 години, додека младите „бегаат“ од земјоделие
-
Поскапува парното во Скопје - РКЕ донесе одлука за зголемување на цената за 5 отсто
-
Од понеделник парите од Унгарскиот кредит достапни за фирмите
-
Граѓаните на протест на Партизанска бараат одговорност од обвинителствтото и судството
-
Во живо од терен - дали граѓаните ги бојкотираат маркетите?