Беќировиќ: Декларацијата од Сесрпскиот собор го реинкарнира проектот за голема Србија
„Декларацијата за заштита на националните и политичките права и заедничката иднина на српскиот народ“ усвоена во саботата во Белград во „Сесрпскиот сабор “ под наслов „Еден народ, еден парламент – Србија и Српска“ ги загрозува меѓународните закони и го реинкарнира проектот за голема Србија – изјави денеска претседавачот на Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ.
Беќировиќ изјави дека Европската унија и земјите кои се стремат кон неа се свртуваат кон меѓусебно почитување и ценење, додека претседателот на Србија, Александар Вучиќ оди во сосема спротивна насока.
„Овој опасен проект на српскиот претседател е директно поврзан со обидите на Русија да ја дестабилизира Југоисточна Европа и да го одвлече вниманието од руската агресија кон Украина“, рече Беќировиќ.
Според него, Декларацијата не го почитува меѓународното и националното право, ниту постоењето на независна, суверена и неделива држава Босна и Херцеговина.
„Претседателот на Република Србија, залагајќи се за спроведување на мрачната идеја за „еден народ, еден парламент“, го негира меѓународното правно значење на територијалниот принцип како основа за практикување на суверена власт“, рече Беќировиќ.
„Политиката на Голема Србија е опасна за целиот европски континент… Освен претседател на Србија, не постои претседател на држава што неовластено се обидува да ја определи надворешната политика на друга суверена земја, спротивно на донесените закони стратегии и други документи на државата Босна и Херцеговина“, рече Беќировиќ.
Ново на Сител
-
Тешко повреден параглајдерист во Крушево се пренесува со полициски хеликоптер во Скопје
-
Кривична против 14-годишник од Куманово, извршил шест тешки кражби во приватни имоти
-
Жена од Гостивар физички го нападнала своето 4-годишно дете
-
Дмитриев: За постигнување мир во светот мораме да ги исправие грешките на Бајден
-
23-годишник под истрага за илегално држење и продавање марихуана
-
Делчево добива Центар за услуги – дел од националниот портал за дигитални услуги
-
По два дена нормализирано водоснабдувањето во Тетово
-
Дубровник најбезбеден туристички град во Европа