-->
-->
Бејтулаи: Ќе покажеме дека сме подобри од Шкотска
-->
Македонската репрезентација до 21 година вечерва од 20:30 часот во Единбург го игра квалификацискиот натпревар против Шкотска за пласман на ЕП 2017. Избраниците на селекторот Благоја Милевски по седум круга од квалификациската група се на делба на второто место и имаат голема шанса со поволен резултат од денешната пресметка да го продолжат сонот за пласман на големо натпреварување. Егзон Бејтулаи ќе заигра за Македонија до 21 година во еден од одлучувачките дуели за пласман на континенталниот шампионат.
„Сите знаеме дека Шкотска е силна репрезентација, но селекторот добро не подготвува и со нетрпение го чекаме натпреварот. Вечерашниот дуел е исклучително важен за да останеме на врвот во групата и да бидеме чекор поблиску до Европското првенство. Верувам дека ќе успееме“, вели Бејтулаи, членот на тетовска Шкендија.
Македонија против Шкотска ќе игра двапати во последните три кола. Нашата селекција има 12 бода, колку што има и Исланд, додека лидер е Франција. Но, Македонија на последните три гостувања освои седум бодови и нема пораз со две победи (Северна Ирска и Украина) и нерешен резултат против Франција.
„Здрави сме, подготвени и едвај го чекаме натпреварот. На теренот во Единбург треба да покажеме дека сме подобри од Шкотска. Во овие квалификации покажавме сила и знаење, не мораме премногу да се фокусираме на противникот, туку треба да се држиме до своето ниво и начин на игра, така можеме да останеме на врвот во групата“, вели Дарко Велковски, фудбалерот на Вардар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Утре седница за интерпелации: Власта тврди се ќе заврши брзо
-
Тема на денот со Александар Ивановски, директор на Европската Фискална Конфедерација
-
МОН затвори уште еден приватен институт, ќе се мониторираат дипломите и магистерските
-
Цените на станбениот квадрат уриваат рекорди, колку се реални?
-
Судот во Перник: Пропустите на автопатот „Струма“ придонесоа за несреќата на „Беса Транс“
-
Бајден пред заминување ги заостри санкциите кон Западен Балкан
-
Петрушевски: Сите се дистанцираат од Груби, освен СДС
-
Панихида за Мара Бунева во недела, партијата Преродба со провокација