Бејли: Вандализмот и насилството не се дел од демократското право
Одлуките во врска со договорот за името се во надлежност на Македонија и Грција. Ние како држава одсекогаш сме го поддржувале разрешувањето, но крајната одлука не беше наша, истакна денеска амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли на отворањето на новиот објект за тактички вежби во полицискиот комплекс во Ѓорче Петров коментирајќи ги обвинувањата на демонстрантите упатени до него и САД.
- Сега се постигна одреден компромис, поради кој вие го изразувате вашето незадоволство и нормално е двете страни на различен начин да бидат незадоволни поради компромисот. Луѓето во секоја демократија имаат пртаво на мирен протест и секако имаат право да го изразат своето несогласување со одредени одлуки, рече Бејли.
Потсети дека во мај 2016 година повториле, но и сега кажуваат дека вандализмот и насилството не се дел од демократското право.
- Сметаме дека луѓето треба посмирено да се однесуваат за и полицијата демократски да се однесува. Во моментов постои дебата за тоа прашање и се треба да тргне токму од таа дебата, додаде Бејли.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата