-->
-->
Бејл и Бајлс најдобри спортисти на планетата
-->
Најбрзиот човек во светот Јусеин Болт (30) и гимнастичарката Симон Бајлс (19) се прогласени за најдобри светски спортисти во 2016 година, во изборот на францускиот весник L’Equipe.
Атлетичарот од Јамајка петти пат во кариерата ја добива наградата наречена „champion des champions“ (2008., 2009., 2012., 2015., 2016.), додека младата Американка прв пат ја понесе оваа престижна награда.
Болт е прогласен за најдобар откако на Олимписките игри во Рио де Жанеиро ги одбрани златните медали во трките на 100 и 200 метри и во штафетата 4×100 метри. Болт во кариерата осовил девет златни олимписки медали, а исто така е единствениот во историјата кој во трката на 100 метри победувал на три последовни олимпијади.
Младата гимнастичарка, Бајлс, исто така блескаше на ОИ во Рио, освојуваќи четири златни и еден бронзен медал.
„Златна“ беше во екипниот и поединечен повеќебој, во прескок и во вежбање на партер, додека бронза освои на греда.
Симон Бајлс е петтата гимнастичарка во историјата на ОИ, која на едни Игри освоила четири златни медали.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Плата за живот
-
179 загинати и двајца преживеани во авионска несреќа во Јужна Кореја
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза