Бегалски камп во пламен по масакрот во Париз
Голем пожар избувна во дивиот бегалски камп „Џунгла“, кај пристаништето Кале во Франција, набрзо по серијата напади во париз, во кои загинаа 126 лица.
Заменикот градоначалник на Кале, за „Раша тудеј“ изјави дека противпожарните служби се обидуваат да го стават огнот под контрола, пренесува Б92.
- Огнот зафати околу 10.000 квадратни метри. Причината за пожарот се уште е непозната, а пожарникарите се борат со огнот, иако ветрот им ја отежнува работата, рече тој.
Бегалците се обидувале да побегнат кога се раширил огнот, а според зборовите на заменик-градоначалникот, голем број од нив биле евакуирани.
Засега е непознато дали има настрадани во пожарот.
Се шпекулира дека пожарот е запален во знак на одмазда за нападите во Париз, но според мислењето на заменик градоначалникот тоа се две различни работи.
- Тоа се две одвоени работи. Пожарот нема никаква врска со нападите во Париз, рече тој за „Раша тудеј“.
Ново на Сител
-
Премиерот и 6 министри седат на две столчиња
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Алармантно предупредување во скопските училишта: Постои тренд на самоповредување кај учениците
-
Уапсени 28 лица за продажба на дрога
-
Кој ги “саботира” хируршките клиники?
-
Од денеска полесно до работа во Германија
-
Масовната урбанизација го менува ликот на Охрид
-
Штипјани во хумана акција за прибирање 70 000 евра за лекување на медицинската сестра Сибил Омерова