Бегалците во Германија сместени во седиштетот на „Штази“
Околу 500 бегалци од Сирија, Ирак и Авганистан во моментов се сместени во поранешното седиште на службата за разузнавање на Министерството за државна безбедност во Берлин. Во моментот кога зградата која е дел од комплексот користен од поранешната влада на Источна Германија целосно ќе се опреми со потребниот мебел екс седиштето на контроверзната служба позната како Штази ќе сместува околу 900 бегалци.
Делумно реновираните соби на озлогласената зграда можат да сместат до шест бегалци со што во главниот град на Германија ќе се намали протисокот со сместување на бегалците откако поради огромниот број се исцрпени сите можности за нивно сместување.
Бирото за нивна регистрација е сместено на влезот на зградата каде што секој бегалец може да добие елекстрнска картичка за влез и излез од местото кое што со децении беше најголема енигма за западните разузнавачки служби во времето на поделената Германија.
За германскиот Црвен крст воопшто не е спорна историјата на зградата. За нив во моментов е проблематично што во неа сега нема доволно тоалети, проблем кој што треба да биде решен наскоро.
Бегалците во зградата на Штази треба да престојуваат три месеци по што ќе добијат постојано сместувалиште. Бегалците нема да ја нарушат работата на „Музејот Штази“ кој и понатаму ќе функционира во комплексот на екс министерството за државна безбедност на ДРГ.
Во комплексот згради на седиштето на Штази во берлинската населба Лихтенберг до падот на берлинскиот ѕид работеле околу 7.000 илјади луѓе. Во последниве години најголем дел од него воопшто не бил користен и покрај тоа што германската влада за него плаќа кирија од 570 илјади евра месечно.
Ново на Сител
-
Исплатени субвенции за тутунот
-
Во Прилеп, Кривогаштани и Долнени започна услугата „Mедицинска сестра во заедницата“ – прва од ваков вид во Македонија
-
Колку од плажите ќе обезбедат спасители
-
Погребан папата Франциск – илјадници верници и државници му оддадоа последна почит
-
Истрагата за Димитровска е силен удар за угледот на Антикорупциска, велат познавачите
-
Tема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Меѓународна конференција на Алкалоид за меѓународниот патент - „Омепразол“ во течна форма
-
Претседателката на Антикорупциска не доаѓа на работа