Бегалците и мигрантите на Лезбос и понатаму на улица, се подготвува нов камп
Бегалците и мигрантите од кампот Мориа, на грчкиот остров Лезбос, веќе трет ден се на улиците на островот, откако по двата пожари останаа без кров над глава и сега се обидуваат да изнајдат начини и простори за да постават регуларни, но и импровизирани шатори, јави дописничката на МИА од Атина.
Во близина на постоечкиот прифатен центар Кара Тепе, според локалните медиуми од островот, денеска со хеликоптер се пренесуваат шатори за да се создаде нов, привремен камп.
Паралелно, илјадници бегалци и мигранти, со помош на железа, трски и платна создаваат привремени живеалишта на улиците од островот.
Меѓу илјадниците бегалци и мигранти по улиците на Лезбос се и 35-те лица заразени со коронавирусот.
Министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис, говорејќи за грчката телевизија „Мега“, вчера рече дека по вториот пожар во Мориа и по евакуацијата, во толпата се „загубиле“ и оние осум заразени кои беа пронајдени завчера.
На островот се и мобилните единици на Националната организација за јавно здравје на Грција, како за тестирање на мигрантите и бегалците за Ковид-19, така и за да пружат лекарска помош, доколку е потребно.
Дел од брзите тестови за Ковид-19 што ги набави грчката Влада, ќе бидат наменети токму за на Лезбос.
Дополнително, се зголемува и полициското присуство на Лезбос, рано утрово пристигнаа и девет полициски автобуси и две полициски цистерни со вода за растерување демонстрации.
Ново на Сител
-
Со докази од Скај комуникација откриен шверц на кокаин
-
Приведен 42-годишен затворски полицаец, се обидел да внесе дрога во Затвор Идризово
-
Трамп: Ракетите „Патриот“ за Украина се веќе на пат
-
Апелација повторно го осуди Васил Јованов на три години и десет месеци за поседување и трговија со наркотици
-
Царината заплени над пет илјади фалсификувани „Ејпл“ маски за телефон
-
МВР распиша оглас за 150 полицајци
-
НБ: Се намалуваат надоместоците за извршување на плаќањата во земјата и во СЕПА
-
Приведен возач од Гевгелија, возел со 99 км на час на место каде е довзолено 40 км на час