Бегалци од Сирија и други земји влегуваат во Норвешка преку Русија

Бегалци од Сирија и некои други земји влегуваат во Норвешка преку Русија.
Норвешката полиција оваа година на граничниот премин со Русија во Стурског регистрирала 220 апликанти за азил. Овие луѓе пристигнале главно од Сирија.
Откако барањата за азил ќе им бидат регистрирани, тие со авион се префрлат во Осло.
За споредба минатата година во Стурског биле регистрирани само пет барања за азил.
Околу 70 бегалци влегле од Русија во Норвешка со велосипед, бидејќи според договорот меѓу двете земји не се дозволува границата да се минува пеш.
Светлана Ганушкина, директор на руската невладина организација за помош на бегалци Комитет за цивилна помош, изјави дека арктичката маршрута е можна, бидејќи оваа граница не е строго обезбедена и лесна е за преминување.
Сиријците без поголеми проблеми можат да добијат руска виза и да се качат на авион за Москва, каде ќе побараат помош од големата сириска дијаспора во рускиот главен град. Цената на авионскиот билет од Москва до арктичкиот град Мурманск, во близина на границата со Норвешка, изнесува околу 100 евра.
Ново на Сител
-

Високите температури го зголемуваат ризикот од труење со храна, внимавајте што јадете, каде пазарите и како ги чувате продуктите
-

Околу 4.500 хектари изгореле во пожарот на Крит – трет ден продолжува борбата со огнената стихија
-

Почина Франко Барези – фудбалската легенда на Италија и Милан
-

Италија бара суспензија на Шпанија од Шенген поради масовниот прилив мигранти
-

Трамп: Постигнат е договор за разоружување на Хамас и повлекување на израелските сили од Појасот Газа
-

Премиерот Мицкоски во посета на Клиничката болница во Битола
-

Промоција на нови полициски службеници од генерација 2025/2026 година
-

Сончево и топло со температура до 39 Целзиусови степени
