Околу 4.500 хектари изгореле во пожарот на Крит – трет ден продолжува борбата со огнената стихија

Во пожарот што во средата избувна на повеќе локации јужно од градот Ретимно на грчкиот остров Крит и сè уште е активен, процените се дека изгорела површина од околу 4.500 хектари, според податоците на метеоролошката служба Метео на грчката Национална опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Метео соопштија дека процените за изгорената површина се по обработената сателитска снимка со висока резолуција од сателитот Sentinel-2 на „Коперникус“, направена вчера напладне при неговиот прелет над Грција, се однесува на периодот 29 и 30 јули, а не е вклучена површината во новиот пожар од вчера.
Пожарот во јужниот дел на Крит веќе трет ден е активен, битката на пожарникарите за справување со огнената стихија траеше во текот на ноќта и продолжува и утрово, а силниот ветер дополнително го отежнува гаснењето, со оглед на тоа што спречува интервенција од воздух со авиони.
Од координативниот центар на противпожарната служба на Грција за грчката новинска агенција АНА-МПА посочиле дека „природата на пожарот, силните ветрови, географските карактеристики и релјефот на теренот ја отежнуваат работата на пожарникарите“.
Во пожарот интервенираат над 270 пожарникари, а во состојба на готовност се и припадници на крајбрежната служба во случај да биде потребна евакуација по морски пат, како што беше случај вчера кога од плажата Превели со брод на крајбрежната служба и два приватни чамци беше евакуирано 51 лице.
Утрово, активни се и два нови пожари, во централна Грција и на полуостровот Пелопонез.
МИА
Ново на Сител
-

Во гаснењето на пожарот кај Кавадарци ангажирани авиони, хеликоптери и механизација
-

Либан тврди дека израелската армија повторно употребила фосфорни бомби
-

Гаши од Каиро: Борбата против дискриминацијата е заштита на човечкото достоинство
-

ДЗС: Денеска ангажирани три цистерни со питка и техничка вода за потребите на Гостивар
-

Реактивиран пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење
-

Прегазено 4 годишно дете на улица во Гостивар
-

Во текот на изминатиот викенд 34 лица приведени поради безобѕирно управување моторно возило
-

Над 70 лица минатата недела приведени во акциски контроли за недозволена трговија со дрога
