Бизнис
21. јуни 2018 - 17:53

БЕГ: Се реализираат сите планирани зафати и подготовки на системот за грејната сезона во Скопје

- Компаниите во состав на Балкан енерџи груп АД  (БЕГ) се деловни субјекти кои поседуваат важечки лиценци за производство, диструбуција и снабдување со топлинска енергија на територија на градот Скопје, порачуваат од БЕГ во врска со одлуката на Град Скопје за формирање сопствено јавно претпијатие „Градски Енергетски Системи АД Скопје“ кое како што е предвидено ќе врши снабдување на природен гас и топлинска енергија.

- Согласно обврските кои произлегуваат од овие лиценци, издадени според важечката законска регулатива и подзаконските акти, од страна на државната Регулаторна комисија за енергетика, компаниите во состав на БЕГ АД: Производство на топлина – Балкан енерџи, Дистрибуција на топлина – Балкан Енерџи и БЕГ-Снабдување со топлина, функционираат редовно и согласно на своите деловни и оперативни планови ги реализираат сите планирани зафати, како и непоходните ремонти и подготовки на системот за грејната сезона 2018/2019, се вели во соопштението од БЕГ.

Сите наши активности, се додава, се одвиваат во согласност со законите на Република Македонија и согласно со одредбите на важечките лиценци, па оттука ние продолжуваме со нашите активности за подготовка на новата грејната сезона, во интерес на потрошувачите