Бебе родено бремено: Редок феномен на бебе во бебе ги зачуди лекарите

На едно бебе родено во Индија, лекарите во стомакот му најдоа друго полуформирано машко дело, кое ги имало двете нозе, една рака, мала глава и мозок.
Лекарите со операција го отстранија „близнакот“ голем 7 см., а новороденото дете по оперативниот зафат е потполно здраво.
Израстокот, маса со невообичаен изглед во организмот на детето, го забележал радиологот во текот на рутински преглед. „Паразитскиот близнак“ немал развиен череп, иако кај него постоела мала глава и мозок.
Оваа ретка појава претставува случај на фетус во фетус, ретка конгенитална аномалија кај која неправилно формираниот паразитски фетус расте внатре во организмот на човекот.
И додека овој конкретен случај е идентификуван и корегиран по раѓањето, паразитски близнак може да расте во телото на човекот и притоа да не биде забележан со децении.
Ваквите случаи се навистина ретки, и до сега се забележани само 200 во цел свет.
Ново на Сител
-

Тема на денот со др. Ана Пепељугоска Стојкоска, адвокатка
-

Напад со огнено оружје на настан со Трамп, напаѓачот е уапсен
-

Граѓаните прашуваа, пратениците одговараа - кој го кочи патот кон ЕУ?
-

ЗНАМ нема став за двојните државјанства на пратениците
-

ВМРО-ДПМНЕ предлага измени на Законот за концесии и јавно приватно партнерство
-

Македонија ја тресе серија на сексуална патологија - како да се заштитат децата од предатори и уцени?
-

Пчеларите под притисок: Помалку мед, повеќе фалсификати
-

Нови инвестиции за унапредување на туристичките локалитети во Ново Село
