Бата Живојиновиќ: Се помирив со тоа што немам нога
Велимир Бата Живојиновиќ (82) не престанува да с шегува ни тогаш кога му е најтешко, а најсреќен е кога поминува време со своите најмили.
Легендарниот актер вчера го посете внуката Дина во болницата „Свети Сава“ која се трудише со своите приказни да го насмее до солзи.
Живојиновиќ за српски Курир изјави дека успешно се опоравува од ампутацијата на дел од левата нога, и дека таа загуба ја прифатил нормално:
-Добро се чувствувам, оди на подобро. Се помирив со тоа што немам нога, останав жив, вели великанот на српското глумиште.
Дина истакнува дека е пресреќна кога е со дедото:
-Додека не зборуваше, ние двајца комунициравме со погледи и ми ја стискаше раката. Сега добро зборува и постојано се шегуваме. Лула секојдневно го посетува, тие се однесуваат како да имаат 16 години и постојано си кажуваат колку се сакаат. Во јуни или јули ќе дојде и неговата внука Јелисавета, па повторно ќе бидеме сите заедно, освен тато, рече Дина и додаде дека Бата не го посетуваат политичарите и актерите за да не се нервира, но секојдневно се распрашуваат за неговата состојба.
Ново на Сител
-
Пожарите во Малешевијата ги десеткуваа пасиштата
-
Климатските промени ги намалија приносите на мед
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Гаши ги распиша изборите, првиот круг локални на 19 октомври
-
Истрага за полицаецот кој без налог сакаше да ја приведе директорката од Демир Хисар
-
Министерот за здравство и ги одзеде ингеренциите на Стоматолошката комора поради сериозни пропусти
-
СДСМ пак предлага минималец од 500 евра, ВМРО-ДПМНЕ чека договор меѓу синдикатите и работодавачите