- Бата живееше со огромна болка, умре без да му ја исполнат желбата

Цел Балкан е во црно по веста за смртта на легендата на српскиот филм и театар, Бата Живоиновиќ, кој синоќа во 22 часот и 45 минути почина во болницата Свети Сава во Белград, каде беше хоспитализиран пред еден месец откако му се влоши здравтсвената состојба.
Бата во едно од последните интервјуа откри која е неговата најголема желба, која не му се оствари пред да почине.
- Мојот син кој не е тука, мојот Миљко, осуден е без судење. Не може сега кога ми е најпотребен да биде до мене. До мајка си. Па каков е тој суд ве молам кажете, низ солзи говореше Бата за неговиот најстар син кој не можеше да се врати во Србија и да биде до татка си.
Погледот на Бата тажно запирал на семејните фотографии каде е неговиот син.
- На лекарите постојано им се брза, а јас немам време, а сакам да си го видам синот, завршува Бата.
Неговиот син не го пуштаат да излезе од Франција бидејќи против него е покренато обвинение за злоупотреба на службената положба, додека бил управител на „Rada“.
За жал, Бата не успеа да го види и последен пат да го прегрне пред смртта.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Жана Базби
-

Се е подготвено за Водици во Охрид
-

Втор смртен случај поради компликации од грип на Инфективна
-

Мицкоски: Во политиката нема празен простор
-

Камионџиите ќе ги блокираат границите – како тоа ќе влијае на секојдневието на граѓаните?
-

Охридските хотелиери и угостители нудат примамливи понуди за Богојавление
-

Над 140 лица заинтересирани за скокање по светиот крст – манифестацијата утре почнува во 9 часот
-

Нова метода за лекување на мозочен удар во Прилеп, најважно е да се делува во првите 4 часа од ударот
