Башурин: Започнавме голем напад на последното засолниште на Азов
Борците поддржани од Русија напаѓаат во областа каде што се кријат последните украински бранители на Мариупол – фабричкиот комплекс Азовстал, железарницата и челичарницата, изјави промосковскиот функционер Едуард Баршурин, лидер на самопрогласената Народна Република Доњецк.
Тој исто така рече дека руските борбени авиони и артилерија им помагаат на јуришните трупи.
Стратешкиот јужен пристанишен град е под опсада на руските војници од почетокот на март.
– Руските сили силно ја бомбардираат областа, а исто така гранатираат и станбени области во друг дел од градот, изјави советникот на градоначалникот на Мариупол.
Украинските власти соопштија дека има илјада цивили во фабричкиот комплекс Азовстал кои се засолниле во бункери и тунели на тоа место, но Баршурин тоа го негираше.
Москва вели дека поголемиот дел од градот е под руска контрола. Доколку падне целиот град, стратешки тоа би било многу важно за Русија која на тој начин може да добие контрола врз огромен дел од јужна и источна Украина.
Русија ги повика украинските војници кои го бранат градот да се предадат.
Ново на Сител
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Две лица загинаа во вооружен инцидент во Сиетл
-

Гостивар денеска треба да добие технички исправна вода
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Зеленски одобри план за за повеќе операции со долг дострел во Русија
-

Израел ќе дозволи влез на меѓународни сили во Појасот Газа
-

Почина познатиот актер Гоце Тодоровски
-

Променливо облачно и топло, наместа пороен дожд, грмежи и силен ветер
