Барселона: Одлуката на Мадрид претставува државен удар

Одлуката на шпанската Влада за отпочнување процедура за суспензија на автономијата на Каталонија со распуштање на органите на регионалната власт и одржување нови избори во регионот, претставува „државен удар“ и „напад врз демократијата“, изјави претседателката на каталонскиот Парламент, Карме Форкадељ.
Во телевизиско обраќање до каталонските граѓани, Форкадељ нагласи дека ќе остане посветена на „одбраната на каталонскиот Парламент“.
Таа оцени дека со одлуката за распуштање на „демократски избраниот Парламент“ на Каталонија, шпанскиот премиер Маријано Рахој де факто извршил „државен удар во една членка на Европската Унија“.
- Премиерот Рахој сака Парламентот на Каталонија да престане да биде демократски Парламент, но ние нема да го дозволиме тоа, рече Форкадељ.
Таа нагласи дека на „граѓаните на земјата“ сака да им упати порака за решителност и надеж.
- Денеска, по најсериозниот напад врз каталонските институции од нивната обнова, ние се обврзуваме дека ќе го браниме суверенитетот на Парламентот на Каталонија, порача Форкадељ.
Ново на Сител
-

Остатоци од дронови пронајдени во Романија
-

Спроведена постапка за мајката од скопско која го малтретирала своето бебе
-

Нов инвестициски циклус во „Костал“ во 2026, ќе се инвестираат 30 милиони евра и ќе бидат отворени дополнителни 200 работни места
-

Освоена ЏОКЕР премија со 6 погодоци во вредност од 3.152.640 денари
-

ВМРО-ДПМНЕ: Посакуваме Данела да се надмине и да ги победи своите стравови и болки, борбата со таквите демони не е лесна
-

Менди Ќира го продава луксузното „Ауди“ на Мерко и најави отказ за сите што земаат плата а не одат на работа
-

Зголемено нивото на реката Вардар кај Јегуновце и Демир Капија
-

Мицкоски: Не се блокирани средствата за ИПАРД од ЕК, се ќе истражиме
