Фудбал
14. July 2015 - 22:16

Барселона од Билбао ја почнува одбраната на титулата во Примера

Шпанскиот фудбалски шампион Барселона ќе му гостува на Атлетик Билбао на 23 август, во 1.коло од новата сезона во Примера.

 
Другиот најголем фаворит за трофејот, тимот на Реал Мадрид на стартот ќе оди на мегдан кај новиот прволигаш Спортинг Хихон.
 
Од фаворитите во „сенка“ Атлетико Мадрид во првото коло ќе игра дома против Лас Палмас, Валенсија ќе му гостува на Рајо Ваљекано, а Севиља оди кај Малага.
 
Првото „Ел Класико“ ќе биде на 8 ноември на „Сантијаго Бернабеу“, во 12.коло од шампионатот.
 
Двојки за 1.коло во Примера за сезоната 2015/16:
 
Рајо Ваљекано – Валенсија, 
Депортиво Ла Коруња – Реал Сосиедад, 
Спортинг Хихон – Реал Мадрид, 
Бетис – Виљареал, 
Еспањол – Хетафе, 
Гранада – Еибар, 
Атлетик Билбао – Барселона, 
Малага – Севиља, 
Атлетико Мадрид – Лас Палмас и 
Леванте – Селта.